Црниот „Ротфајлер“ грешка на системот

од desk4

На возраст од една година, без знаци на беснило, раса „Ротфајлер“. Кучето кое нападна и повреди 6 деца во скопско Лисиче е зад решетки.

Екипата на Телма ја дочека со радост и желба за играње во стационарот за животни „Вардариште“.

Засега оваа женка Ротфајлер е единствениот обвинет за повредените деца, а за 12 дена ќе биде готов извештајот зашто нападнала и дали ќе се усмрти со инекција или ќе се врати на улиците како скитник. Но, таа е куче од расно потекло, а ветеринарите заклучиле дека живеела во домаќинство. Како се нашла на улица одговор нема, бидејка немала микрочип. Законот од 2012 е обврзувачки секој сопственик на миленичето да му вгради микрочип за идентификација, и да одговара парично, но и кривично ако кучето повреди луѓе. За 5 години од 80 илјади домашни миленичиња само 3100 се електронски идентификувани во софтверот, останатите не можат да бидат казнети од 30 евра, исто како и во овој случај велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Проблемот е поширок тврди Кондратенко, бидејќи агенцијата само контролира дали „домашните“ миленичиња се вакцинирани и евидентирани, додека за скопските скитници се грижи комуналното претпријатие. Оттаму тврдат дека тие немаат законски надлежности да кзнуваат.  Од 2007 година, Град Скопје ја спроведува програмата „Залови, стерилизирај, и пушти“, а годишно во стационарот „Варадариште“ циркулираат околу 2000 кучиња скитиници.

Старите и изнемоштени со хронични болести и физички повреди се усмртуваат со инекција, останатите повторно се враќаат на тротоарите, пред месарниците, и ресторантите, а нивниот број на скопските улици е десетици илјади. Надлежните во ова претпријатие велат дека оваа програма и по 10 години не дала резултатите. Место со кастрација да опаѓа нивниот број, тој од година во година се зголемува, бидејќи во руралните средини никој не ги контролира уличните животни. Сепак, предолзите кучињата да се заловат и чуваат, градот ќе го чини целиот годишен буџет, покажало истражувањето на невладините за заштита на животните.

Се огласи и скопскиот градоначалник, чијшто инспектори можат да казнуваат несовесни сопственици на миленичиња. Петре Шилегов има и план за трајно справување со проблемот со кучињата во главниот град.

Од  10 гризнувања на луѓе, само еден напад е од куче скитник, останатите 9 се од кучиња кои имаат сопственци, посочиле граѓаните на клиниката за инфективни болести. Додека, државата и локалните самоуправи бараат решение како во иднина да нема повредени, граѓаните веќе поставија отрови низ најурабните скопски населби. Резулатат е неколку мртви кучиња, ниту еден санкциониран трујач од полицијата, а опасноста од отровите сега ги демне и децата.

Измачување животни е кривично дело за кое до сега не е казнет никој во Република Македонија. Полицаец застрела куче со службен пиштол, скопјанец уби со секира куче скитник, а полицијата и во овие два случаи и во неколку други на организирање борби со кучиња поднесе  прекршочна приајва за нарушување на јавниот ред и мир. Законот за благосостојба на животните е доенсен во 2014-та, со што се гарантира хуманиот пристап кон животните, но се предвидуваат и казни за нерегистрираните одгледувачи од каде граѓаните најчесто купуваат кучиња. Град Скопје вети 100 000 беспалтни микрочипови за идентификација, но и зголемување на капацитетот на стационарот „Вардариште“.

 

Слични содржини