ЦТБТО: Земјотресот во Северна Кореја не е последица на нуклеарен тест

од Vladimir Zorba
86 прегледи

– Организацијата на сеопфатниот договор за забрана на нуклеарни тестови (ЦТБТО) денеска соопшти дека во Северна Кореја се регистрирани два потреси, кои најверојатно не се последица на човечка активност.

– Две #сеизмички активности! Во 8.29 по Гринич; многу послаба во 4.43 по Гринич. Мала веројатност дека ги предизвикал човек, објави на својот налог на Твитер извршниот секретар на Организацијата, Ласина Зербо.

Тој, претходно, објави дека во Северна Кореја е регистрирана „невообичаена сеизмичка активност“ на околу 50 километри од местото на преходните нуклеарни тестови.

– Корејски Полуостров необична #сеизмичка активност: Географска ширина 41,36 Географска должина 139,76 Околу 50 километри од претходните тестови. #Аналитичарите на ЦТБТО проверуваат, напиша Зербо претходно на Твитер.

Кинеската сеизмолошка служба претпладнево соопшти дека регистрирала земјотрес во Северна Кореја со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот бил на површината на земјата, со епицентар на 41,36 степени северна географска ширина и 129,06 степени источна географска должина.

Епицентарот бил во реонот на местото на кое на 3 септември беше регистиран земјотрес, за кој подоцна беше утврдено дека бил предизвикан од севернокорејска нуклеарна проба.

Претходно, и јужнокорејската метеоролошка агенција информира дека земјотресот регистиран во Северна Кореја, не бил предизвикан од „вештачка експлозија“

Слични содржини