Турската Влада очекува околу 400 бегалци и мигранти утре да пристигнат од Грција, во рамки на спогодбата меѓу ЕУ и Турција за мигрантите, што беше договорена минатиот месец, изјави турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала, цитиран од ДПА.migranti

-Бројот на мигранти може да нарасне, додаде Ала пред новинарите во градот Бодрум.

Новопристигнатите ќе бидат сместени во прифатни центри во различни градови, а Сиријците на крајот ќе бидат разместени низ целата земја, посочи тој.

-Мигрантите од други националности ќе бидат депортирани во земјите од кои дошле, рече Ала

Слични содржини