Главниот воен советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Али Јазаџ денеска е уапсен поради поврзаност со обидот за воен удар, јави Си-Ен-Ен Турк.

timthumb (1)

Медиумите објавија дека меѓу приведените е и главниот воен советник на 11. турски претседател Абдулах Ѓул, Исмаил Ѓунешер.

Претходно, турската армија соопшти дека учесниците во обидот за пуч се неутрализирани.
– Турскиот народ имаше најголема улога во спречување на воениот удар, се посочува во соопштението на турските вооружени сили.

Армијата најави тешки казни за учесниците во пучот./извор а1он

Слични содржини