Членовите на ад хок телото за регулација на медиумите во предизборниот период, утре на седница ќе го избираат петтиот член кој е потребен за телото да може да почне да работи.

agencija-audio-vizuelni1

Како што е пропишано во Изборниот законик, петтиот член на телото мора да биде Албанец и тој се избира преку јавен повик.

Последниот член на телото треба да се избере со консензус на досегашните членови, Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, и Горан Трпеновски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ.

Засега, според неофицијални информации, меѓу членовите на ад хок телото не владее претеран оптимизам во врска со нивната работа.

 

МЕТА

Слични содржини