Утре температурата ќе падне за 8 степени

од desk4

Во текот на утрешниот ден ќе има повремени врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните делови, а на планините врнежите ќе бидат од снег, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија.

Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на исток, каде на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/час.

Дневната температура ќе опадне за околу 8 степени.

В недела преку денот ќе биде суво и малку потопло, а кон крајот на денот и во текот на ноќта, се очекува значително заладување со засилен ветер и локални врнежи од дожд, а снег на планините.

Потоа од вторник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата.

Слични содржини