Вардар домаќин на Мешков Брест, Металург гостува кај Татран во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

 

Македонските претставници во ракометната Лига на шампионите денеска ги играат натпреварите од 2.коло од ова натпреварување. Шампионот Вардар пред своите навивачи во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекува екипата на Мешков Брест, единствената која во оваа сезона од СЕХА лигата успеа да остане непоразена од Вардар. Почетокот на дуелот е во 17:30 часот.srekjen-rodenden-dejan-2283

Металург во терминот од 15 часот ќе гостува кај словачкиот првак Татран Прешов. Тоа е пак единствената екипа, која македонскиот вицепрвак ја победи во СЕХА лигата на домашен терен.

Двете македонски екипи во првото коло постигнаа победи.
Распоред на натпревари од 2.коло:
А група: Веспрем – Кадетен Шафхаузен, Барселона – Кил, Силкеборг – Флензбург, ПСЖ – Висла.
Б група: Вардар – Мешков Брест (сабота), Киелце – Кристијанштад, РНЛ – Цеље 31:30.
Ц група: Татран Прешов – Металург (сабота), Ла Риоха – Монпеље, Елверум – Чеховски Медведи.
Д група: Динамо Букурешт – Мотор 35:31, Брага – Холстебро, Нант – Бешикташ/МИА

Слични содржини