Вардар го доби дербито против Пелистер

од Vladimir Zorba

   Дерби натпреварот од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое се одигра во Битола, му припадна на шампионот Вардар кој минимално со 1-0 го победи Пелистер.

 
Дуелот на „Тумбе Кафе“ го реши Дејан Блажевски со голот постигнат во 30-тата минута од натпреварот.
На останатите средби кои се играа денеска.
Лидерот на  табелата Шкендија на гостувањето во Автокоманда, иако губеше од Скопје, сепак благодарение на головите на Ибраими и Хасани, тетовци стигнаа до победа од 2-1.
Гостинска победа забележа и екипата на Академија Пандев која со 2-1 го победи Работнички.
Единствено предноста на домашниот терен ја искористи Силекс кој во Кратово со голот на Кристијан Филиповски (53-минута) ја совлада прилепска Победа со 1-0.
Во првиот меч од ова коло вчера Ренова и Шкупи одиграа без голови 0-0.
Табела: Шкендија 19 бодови, Академија Пандев 14, Вардар 13 (-1), Шкупи 11, Силекс 9, Пелистер 8, Ренова 6, Работнички 5 (-1), Победа 5 и Скопје 2./МИА

Слични содржини