Варуфакис: ЕУ ќе се распадне за четири години

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис, по објавените изборни резултати во Германија, предвидува дека Европската унија ќе се распадне по четири години.

Тој оцени дека јакнењето на германските десничарски партии „Слободни демократи“ и „Алтернатива за Германија “ (АфД) ги уништило надежите на лидерите, како што е францускиот претседател Емануел Макрон, дека Европа може да стане пообединета.

„Уште четири години распаѓање на ЕУ се пред нас. Зголемувањето на популарноста за 20 отсто на Слободните демократи и АфД значи само едно нешто: Стратегијата на Макрон за федерација е мртва“, напиша Варуфакис на Твитер.

Слични содржини