83
Соединетите американски држави ги предупредија севернокорејските власти дека ќе бидат „целосно уништени“ доколку дојде до војна.
Ваквата реакција на официјален Вашингтон следува откако Пјонгјанг ги тестираше новите интерконтинентални ракети со дострел до САД.
На синоќешната вонредна седница на советот за безбедност на он, американската амбасадорка во светската организација Ники Хејли го повтори предупредувањето од Доналд Трамп и побара од меѓународната заедница да ги зајакне санкциите против Северна Кореја.
Хејли истакна и дека САД од Кина побарале да престанат да ја снабдуваат Северна Кореја со нафта.