(ВИДЕО) Богоев: Борбата за повеќе зеленило е борба за живот на сите нас

од Vladimir Zorba
143 прегледи

 Урбанистички хаос, узурпација на зелени површини и обид да се загрози автентичноста на Влае се дел од проблемите што граѓаните од оваа урбана заедница му ги посочија на Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Општина Карпош.

Тој најавил дека сите ДУП-ови што се во процедура и не се донесени ќе бидат целосно разгледани и ревидирани, земајќи ги во предвид мислењата на граѓаните истакнати во анкетните листови.

– Започнуваме бескомпромисна борба против урбаната мафија која изминативе години педа по педа го уништуваше зеленилото и придонесе граѓаните да дишат загаден воздух, истакна Богоев.

Напомена дека во Програмата е предвиден Зелен урбан кодекс чија цел е попис на зеленилото и негово планирање, како и стимулација за изградба на зелени површини на поголемите рамни покриви.

– Имаме чесен пристап. Нема да ветуваме чуда, но ветуваме работа, редовни средби со граѓаните и здруженијата и градење меѓусебна доверба. Општина Карпош повторно ќе биде сервис на граѓаните, а не на партиските интереси, рече Богоев.

На средбите се разговараше и за сообраќајниот хаос кој владее во Влае, по што Богоев најави поставување еко – паркинзи кои покрај решавање на проблемот со паркирање ќе овозможат и дополнително разеленување на општината.

Слични содржини