(ВИДЕО) Гласањето во Општина Чаир се одвива нормално

од desk4

Утринава точно навреме, во 7 часот беа отворени трите гласачки места во ОУ Лирија во скопски Чаир. Од избирачките одбори велат дека изборниот ден започнал без проблеми, се било во ред со материјалите и немало никакви пречки за веднаш да започнат со работа. Велат дека очекуваат мирен изборен ден, без никакви инциденти, информира ТВ24.

„6:50 часот се е поставено на место и членовите се комплетирани и чекаме да почне, се е во ред. Како што е законски, ги изброивме сите документи, се беа во ред и очекуваме да започне гласањето точно во седум часот“, вели Салахудин Хамиди – претседател на изборни комисии.

„Се беше во ред немаше никаков проблем бидејќи вратата беше затворена Ситуацијата ја најдовме како што ја оставивме се почна на време“, вели Славчо Ташевски – претседател на изборни комисии.

 

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини