(ВИДЕО) Градот не дава пари за поплавените, ќе се чека државната помош

од Vladimir Zorba

gradsko_sobranie_0

Советниците од СДСМ побараа да се одвојат седум и пол милиони евра од градскиот буџет и на домаќинствата кои претрпеа штети да им се доделат по 90.000 денари, но од владејачкото мнозинство најавија дека нема да го прифатат предлогот, информира Телма.

– На луѓето им се потребни пари. Пари со кои ќе можат да си ги реновираат домовите. Извадени се целосно подовите, уништени се ѕидовите, целата покуќнина. Има сериозна бројка куќи кои се целосно уништени, вели Дамјан Манчевски од СДСМ

Предлогот на СДСМ е гол популизам, порача советничката од ВМРО ДПМНЕ, Елизабета Гиовска која потекнува од Стајковци, едно од местата кои претрпеа најголеми штети од поплавата. Според неа, рано е да се утврди дали сумата од 90.000 денари е мала и голема за секое од оштетените домаќинства.

– Некаде 90.000 денари може да бидат повеќе од штетата, некаде може да не се ниту еден процент од штетата. Во некои куќи поплавен е само подрумот, што реално не е толкава штета за да се платат 90.000 денари. Во овој момент, она што го направи државата со помошта од симболични 30.000 денари и ветувањето дека ќе ги покрие штетите 100 отсто е сосема разбирливо и прифатливо, порачува Гиовска.

– Дајте сега авансно и итно да им помогнеме, па после кога ќе се направат проценките, таа сума ќе се одбие од вкупната помош која треба да ја добијат граѓаните. Огромни се штетите. Не верувам дека некој ќе има под оваа сума, одговори Манчевски.

Целиот тескт можете да го прочитате тука

Слични содржини