(ВИДЕО) Новата реклама на Епл со потценета екипа колеги е подобра од кој било канцелариски ситком

од Vladimir Zorba

Новата реклама која го презентира користењето на Епл производите на работа, наречена ‘The Underdogs’ е краток филм кој забавува повеќе од вистински канцелариски ситком.

Дејството се развива околу група од “смотани“ и неуредни колеги во канцеларијата, што сепак има неверојатна идеја која треба да ја презентира пред строгиот голем шеф. Притоа, за да стигнат со постигнување на замисленото во невозможниот рок, тие ги користат сите можни услуги на Епл производите.

Оваа симпатична реклама наиде на многу добар прием од публиката, со чести коментари дека е подобра од многу епизоди на популарните ТВ шоуа.

Обожавателите на Епл сепак знаат дека всушност тие веќе ја имаат создадено токму тркалезната кутија за пица во минатото и еден таков примерок беше потпишан и оставен на гробот на Стив Џобс.

Слични содржини