Министерот за внатрешни работи на прес конференција во Собранието на РМ соопшти дека сменил 11 раководители во МВР, информира а1он.
-Денеска во Министерството за внатрешни работи врз основа на политичкиот договор што е потпишан од четирите лидери на политичките партии и врз основа на измените на Законот за Влада го искористив моето право за промена на дел од раководните структури поточно именував 11 нови раководители на организациони едници во состав на МВР, 7 во секторите за внатрешни работи и 4 во Министерството за внатрешни работи односно во одредени оддели.
Тоа го направив врз основа на мојата проценка и проценката на мојот тим со единствена задача да до изборите Министерството за внатрешни работи функционира нормално, да се обезбедат услови за фер и демократски избори, да се остваруваат сите функции кои што се предвидени со законот на Министерството за внатрешни работи, да се сочува јавниот ред и мир безбедноста на граѓаните на Република Македонија и да не дозволиме Министерството за внатрешни работи да биде алатка во рацете на било која од политичките партии туку напротив да биде во интерес на граѓаните и да создаде услови граѓаните слободно да донесат одлука за следните парламентарни избори, рече Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски./а1он