116
Иновативни ентузијасти од Данска собираат средства за да се стави на пазарот нестандарден, политички обоен производ – маица со тродимензионална слика на републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп.
Забавното и иновативното во случајот е дека портретот има … реалистична коса, за да може сопственикот сам да прави фризури.
“Дали некогаш сте погледнале во косата на Доналд Трамп и сте се чуделе: Вистинска ли е? Како ја оформува така? Толку ли е мека како што изгледа? Или едноставно: Што, по ѓаволите?
Дресот Trump 3D-Tee ви помага да ја откриете овие мистерија и да ги најдете одговорите на сите ваши прашања “, пишуваат авторите на проектот.
Видете варијантите на фризура во видеото: