(ВИДЕО) Распашковски: ВМРО-ДПМНЕ ја упропасти „САНОС” за да субвенционира странска компанија

од Vladimir Zorba

Фабриката „САНОС“, поранешен ФАС „11 Октомври“, не добила ниту денар државна помош или субвенција, тврди Славе Распашковски, кој од 2004 година е сопственик на фабриката. Тој ја обвинува поранешната Влада дека го оставила на цедило зашто поради субвенциите на странските инвеститори, Ван Хол му ги земал работниците, а државата не направила ништо да му помогне на домашниот производител на автобуси.

„На таква зделка, на таква голема набавка од над педесетина милиони евра, се чека со децении. Нашата „совесна“ Влада во тој период не најде ни малку место, ни малку желба. Македонија можеше да ги произведе сите автобуси кои се купија со буџетски пари, се купија кинески, украински автобуси, се донесе белгиска инвестиција со огромно субвенционирање, а ниту еден денар за нашите производи“, изјави Славе Распашковски, сопственик на „САНОС“.

Распашковски тврди дека во јули фабриката направила пет автобуси за Казахстан, а во моментов има договор за испорака на вкупно 70. Заев во средината на јули ја посети фабриката и најави помош за компаниите кои ќе произведуваат за извоз.

„Автобусите се целосно ново производство на фабриката и почнувајќи од цевки, лимови и останати инсталации, решетки коишто се автобусот, се произведени овде во фабриката. Се што се слушаше во јавноста последниве неколку денови, сите обвинувања дека сме купувале стари автобуси, а потоа се ги испорачувале како нови се лага“, додава Распашковски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара да се отвори истрага за „САНОС“, зашто се сомнева дека преку оваа фирма се врши неоснован поврат на ДДВ. Го повикуваат обвинителството да ја испита работата пред да да се исплаќаат милионски суми на име државни субвенции.

Слични содржини