(ВИДЕО) Реална закана или политички маркетинг од ВМРО – ДПМНE кон СЈО?

од Vladimir Zorba

Се закани ли отворено Трајко Вељaноски кон Специјалното јавно обвинителство, откако вчера од тимот на Катица Јанева информираа дека се откажуваат од предметот „Пуч“, прашува 24Вести.

Откако беше објавено соопштението, Вељаноски на прес конференција меѓу другото рече дека по донесувањето на одлуката за откажувањет од случајот, СЈО веќе нема причина да постои. Го заниша ли Вељаноски повторно Дамокловиот меч за СЈО. Денеска истото го повтори и Антонио Милошоски, кој рече дека СЈО станало беспредметна институција.

Од СДСМ преку соопштение реагираа на изјавата на Милошоски тврдејќи дека само на Груевски и соработниците им пречи правдата бидејки ја знаат својата одговорност.

„Се излажал Груевски ако се надевал дека правдата нема да излезе, откако му излезе шилото на вистината. Правдата е таква, секој одговара за своите постапки и Груевски може само на себе да е гневен. Да се биде против вистината и правдата, да се брани криминал и да се лаже на голем верски празник, како што тоа го направи денеска Антонио Милошоски покажува дека раководството на оваа партија не само што е вовлечено во незаконски активности, туку нема никакво допир со христијанските вредности“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу оценува дека ова се практично една од нервозните реакции на партијата на Никола Груевски кон СЈО, кои очекува да ги има и натаму уште повеќе.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини