Во изјава од пет минути, претседателот Иванов направи две прекршувања на Уставот, вели професорот Љубомир Фрчкоски и објаснува: прво, Иванов постапи различно кога на едниот лидер безусловно му го даде мандатот додека на другиот му постави услови, а второ, со барањето програма, излезе надвор од своите надлежности, бидејќи мандатарот доставува програма само до Собрание за Телма.
Според Фрчкоски, наредниот мандатар, според него, Зоран Заев, не смее да му достави програма на Иванов, бидејќи со тоа и тој би го прекршил Уставот.
Професорот Владимир Божиновски има сосема спротивно мислење. Вели дека претседателот Иванов, кога и го даде мандатот на партијата со најголем број пратеници, постапи во согласност со Уставот, а сега, овозможува решение со кое никого не оштетува.
Божиновски не сака да коментира дали Иванов го прекрши Уставот со барањето програма од новиот мандатар.
Целиот текст можете да го прочитате тука