(ВИДЕО) ВО ЖИВО: Трамп прва прес-конференција; Немам договори и заеми во Русија

од Vladimir Zorba

Немам договори со Русија, немам зделки, немам заеми од Русија. Ова го изјави на првата прес-конференција новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп. Таа се одржи во “Трамп Тауер” во Њујорк и започна со задоцнување од 14 мин. Тој ги нарече лажни вестите и сите тврдења објавени во т.н.. извештај од 35 страници, во кој се тврди дека Русија за него имала компромитирачки информации. Според него ништо во овие информации “не се случило”. Новоизбраниот претседател најави дека секогаш ќе внимава за камерите во странство

За прв пат Трамп призна дека Русија стои зад хакерските напади за време на претседателските избори, но ги обвини демократите дека не направиле доволно заштита од сајбер напади, пренесе Си Ен Ен.

На почетокот на прес конференцијата Трамп им се заблагодари на медиуми, иако не пропушти да каже дека некои не го поддржувале.

Слични содржини