Лидерот на СДСМ и предводник на Коалицијата за живот во Македонија, Зоран Заев, вечерва на митингот во Берово рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ќе го врати украденото и дека ќе има конфискација на имотот.
– Груевски во последните три-четири години потроши 1 милијарда евра на споменици, на музеи, на жални врби и на што ли уште не. И јас ќе потрошам 1 милијарда евра – но за отварање на нови работни места, најмногу за младите, оти тие се нашата иднина. Ќе им помогнеме на државните фирми со директни пари. Ред е и Никола Груевски и неговата фамилија да вратат се што зеле. Ќе има конфискација, добро знае Груевски, ќе има. Се што украде, се има да врати – рече Заев.
За десет дена имаме заедничка шанса со гласот за животот да се избориме за живот во Македонија. Наместо да бараме живот во странство, ќе имаме добар живот тука во Македонија, рече Љупчо Николовски носител на пратеничката листа во третата изборна единица.
Претходно пред граѓаните собрани на митингот во Пехчево, Заев се обврза дека ќе ја врати среќата и животот во Македонија а на пензионерите им порача дека младите ќе се вработат и нема да им ја трошат пензијата./извор Мета видео sdsm.org.mk