(ВИДЕО) Заев: На 11 декември гласате за Вашата индина и иднината на Македонија

од Vladimir Zorba

СДСМ и Коалицијата За живот во Македонија на вечерашниот митинг во Бутел се заложи за повисок животен стандард за сите во Македонија најавувајќи повисоки плати, поврат на ДДВ за семејствата, бесплатно здравство, враќање на евтината тарифа на струја, енергетски ваучери за струја и фер плаќање на јавни давачки.

Носителот на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата во втората изборна единица Оливер Спасовски пред граѓаните на Бутел порача дека овие избори се битка за живот на граѓаните во Македонија, за стабилна иднина со стабилни луѓе.

– Нам ни треба нова енергија, нова влада која ќе обезбеди живот за сите, ќе ја врати правдата, достоинството и напредокот во Македонија. Затоа масовно, одлучно и храбро да се упатиме кон гласачките места за да ја вратиме правдата, да го вратиме животот и да ги вратиме парите назад кај граѓаните, рече Спасовски.

Порача дека ќе ја укинат радиодифузната такса, ќе ја вратат евтината тарифа на струјата, ќе воведат праведни даноци и поврат на 15 проценти од ДДВ на крајот на годината за семејствата.

– Тоа значи зголемена куповна моќ и повисок животен стандард. Со намалувањата на трошоците и со покачување на минималната и просечната плата во Македонија ќе обезбедиме повисок животен стандард и посреќни граѓани. Ќе има правда за сите и секој што сторил кривично дело ќе одговара, рече Спасовски.

СДСМ Бутел 2

Лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека за четири дена победува животот во Македонија, каде ќе има 30.000 денари просечна и 16.000 минимална плата.

– Сите пари ќе ги насочиме кон граѓаните. 140 милиони евра ќе насочиме кон поддршка на домашните фирми со што ќе овозможиме да се развиваат и отвораат нови работни места и да даваат повисоки плати. Така ќе има просечна плата од 30.000 денари, рече Заев.

Најави фер плаќање на јавни давачки и порача дека тие што не користат парно нема да плаќаат за нешто што не користат.

– Кој има помалку ќе плаќа помалку. Оние со најнизок доход воопшто нема да плаќаат. Нема повеќе блокирање на сметки за неплатена радиодифузна такса. Ќе има бесплатно болничко лекување за сите и ќе ја укинеме партиципацијата. Ќе воведеме енергетски ваучери за струја и затоплување. На семејствата без приход државата ќе им дава 12.000 денари месечно, рече Заев.

Порача дека на овие избори се гласа за повисоки плати, за силни домашни фирми, за парите кај граѓаните, за институции во служба на граѓаните и за правда за сите. – Не се гласа за партија. На овие избори гласате за вашата иднина и иднината на Македонија. Ни треба стабилна иднина. Секој ќе одговара по закон. Македонија има иднина. Иднината е во единството и сплотеноста, порача Заев.

Слични содржини