(ВИДЕО) Заев: Се избира живот и иднина, прв чекор е слободно изразена волја!

од Vladimir Zorba

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев денеска гласаше во избирачко место број 1730 во СОУ „Никола Вапцаров“ во Струмица.

По гласањето Заев оцени дека денеска се избира за напредна, слободна и единствена Македонија.

– Ова денеска е историски ден за граѓаните на Македонија и за Република Македонија, денеска е ден во кој што ќе се бира за животот ќе се бира за иднината на нашата земја. Ова денеска е ден каде што ќе се бира за напредна, слободна и единствена Македонија, прв чекор до тоа е слободно изразената волја на граѓаните.

Се надевам дека токму тоа денеска и ќе се случи, изјави Заев.

zoran-zaev4-1

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека „прво што ќе направи вечер е дека ќе прогласи победа, а доколку не победи тоа ќе значи крај на неговата политичка кариера“.

– Ако на вака значајни избори се случи негативен резултат тогаш ми завршува политичката кариера, но не размислувам на оваа варијанта, зошто зрела е Македонија, животот се враќа и убеден сум дека победуваме. Веќе размуслуваме како да се втурнеме, да го подобриме и унапредиме животот и она што го ветивме пред граѓаните, рече Заев.

Слични содржини