Сепак, од повеќе медиуми се најавува дека Иванов до денеска напладне е можно да ја повлече срамната одлука и се барало формат како да го направи тоа.  Иванов сега е пред изборот и одлуката дали   на крајот на кариерата вистински ќе се обиде да биде претседател на сите , или само за и на ВМРО ДПМНЕ, класичен партиски војник на Никола Груевски.

liderska-sredba-nova

По ставот  на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека доколку не се исполнат два услова – повлекување на аболицијата и одложување на изборите, тој нема да присуствува на закажаната лидерска средба во Виена,нема нови детали ниту од Брисел ниту од Скопјем. Со реакција се огласија владеачките  ДУИ, и ВМРО ДПМНЕ кои се уште остануваат на ставот дека треба да се оди во Виена.

„За условите кои  ги постави Заев, треба да се произнесат организаторите на средбата“, велат од ДУИ. Организаторот пак вели не одговараме на таков пристап, но проблемот е во аболицијата на Иванов  и кредибилноста на изборите

– Не коментираме „услови“ кои ги поставуваат одделни партии. Комесарот Јоханес Хан беше многу јасен кога рече дека помилувањето што го даде претседателот не се совпаѓа со неговото разбирање за владеење на правото. Комесарот беше многу јасен дека изборите мора да бидат веродостојни – изјави портпаролката на еврокомесарот Хан, Маја Коцијанчич.коцијан

Делегацијата на Европската Унија во Скопје до политичките лидери испрати покани за лидерска средба во Виена во име на еврокомесарот Јоханес Хан и на европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит тоа е нашата работа ,велат од ЕУ

Од ВМРО-ДПМНЕ, велат дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев со претставените услови за учество во преговорите во Виена, уште еднаш покажал дека не се грижи за иднината на Република Македонија, за стабилноста и за немирот кој секојдневно го внесувал помеѓу граѓаните.

илија
„Во овие денови кога нема граѓанин што не е загрижен за актуелната состојба и кога нема Македонец кој не очекува излез од кризата во која што СДСМ и Заев ја втурнаа земјата, тој продолжи со уцени и условувања кои ја туркаат државата надолу и ја продожуваат кризата до недоглед. Зоран Заев денеска донесе неодговорна и деструктивна одлука бегајќи од разговори со кои треба да се трасира патот кој води кон избори и кон решавање на кризата. Зоран Заев денеска и заврти грб на Македонија и потврди дека неговата намера е продлабочување и ескалирање на кризата, затоа што тој и луѓето околу него можат да функционираат и да привлечат внимание само во време на криза,изјави членот на ИК на партијата, Илија Димовски.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски нема дилеми дека несака да ги врати пртениците во парламентот, Тој соопшти дека нема да свика седница на Собранието за да ја отповика одлуката за распишување избори на 5 јуни затоа што смета дека тоа би било грубо кршење на Уставот.Трајко-Вељановски-2

„Согласно членот 63, став 6 од Уставот, цитирам: ‘Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници’. Во контекст на ваквата уставна одредба, сакам уште еднаш да потенцирам дека пратениците од осмиот состав на македонскиот парламент, ваква одлука со значително мнозинство веќе донесоа, односно тие се распуштија. Тоа во суштина значи дека било какво свикување седница на која би присуствувале пратеници кои самите веќе донеле одлука за свое распуштање е во целосна спротивност со Уставот како највисок правен акт во државата. Во оваа смисла, сакам да и укажам на македонската јавност дека највисоката институција за оценка на уставноста – Уставниот суд уште пред една деценија има расправано и одлучувано во врска со споменатото прашање при што, крајно логично заклучува дека, цитирам: ‘со Уставот не е утврдено мандатот на пратениците во Собранието да продолжи во случај на распуштање на Собранието, ниту е предвидено во таков случај тие да продолжат со должноста’.

Врз основа на споменатото, повеќе од јасно е дека уставните норми што се однесуваат на почетокот, траењето и завршувањето на мандатот на пратениците се сосема јасни и недвосмислени, при што секое свикување седница на веќе распуштено Собрание, би претставувало грубо кршење на Уставот на Република Македонија“, се вели во неговото соопштение.ивановв

Од Кабинетот на претседателот Иванов засега не се достапни за коментар за условите кои ги постави Заев. Всушнот клучниот играч изгледа не е Заев туку Иванов. Сите ја чекаат неговата одлука за повчекување и за смирување на набојот за судир.

Во тој пакет тој доби и укажување од меѓународната заедница, а на средба двапати му беа гаранторите на договорот од Пржино амбасадотеите на САД и ЕУ.

Амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав, на средба со претседателот Иванов, му укажале за сериозните последици а за народот, граќаните за Македонија, за целиот процес на излез од кризата , а тој им ја образложил својата одлука за прекинување на судските процеси против политичарите и нивните соработници. Повеќе детали од средбата, засега не се откриваат

Сепак, од повеќе медиуми се најавува дека Иванов до денеска напладне е можно да ја повлече срамната одлука и се барало формат како да го направи тоа. Впрочем сите му се спротиставија на одлуката ,и неговите помилувани од власта, барем јавно, и оние од опозицијата. Иванов  е во ќош и со одговорност дали ќе се издигне над партиските интереси и да спречи крвопролевање меѓу граѓаните, со партиските послушнички потези. Иванов сега е пред изборот и одлуката дали   на крајот на кариерата вистински ќе се обиде да биде претседател на сите , или само за и на ВМРО ДПМНЕ, класичен партиски војник на Никола Груевски.заев з

Лидерот на СДСМ Зоран Заев без дилеми од прва им го  соопшти ставот на сите  дека неговата партија нема да учествува на лидерската средба во Виена со посредство на европски претставници, доколку претходно не бидат исполнети два предуслови.

„Иванов да ги повлече срамните одлуки за помилување по налог на Груевски и спротивни на Уставот и да се свика Собранието за да ја повлече одлуката за одржување на избори на 5 јуни, се до исполнување на условите за одржување демократски, фер и кредибилни избори. Ако сакаат Иванов, Груевски и Вељаноски, одлуката може да се смени за два часа, рече Заев.

Доколку овие услови не бидат исполнети Заев најави дека СДСМ нема да учествува на средбата во Виена.

Слични содржини