Владата на Зоран Заев ќе биде претставена во Собранието

од Vladimir Zorba

Владата на Зоран Заев ќе биде претставена во Собранието. Убеден дека сите министри што како мандатар ќе ги предложи пред пратениците ќе работат за реформите и доброто на граѓаните, мандатарот Заев го претстави својот тим.

Во одбрана и во МВР ќе седнат најдоверливите луѓе на Заев, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовки. Во МНР, Никола Димитров, во финансии Драган Тевдовски, во транспорт и врски Горан Сугарески.

Место на Илинденска ќе има и за Љупчо Николовски и за Дамјан Манчевски, во земјоделкство и во информатичко општество и админситрација. Мила Царовска ќе седне во труд и социјална политика, додека пак Роберт Алаџозоски во култура.

Седум министри без ресор ќе има предложени од СДСМ и нивната коалиција.
Кочо Анѓушев, како иден вицепремир за економски прашања, Едмонд Адеми, Роберт Поповски, Аднан Ќахил, Самка Ибраимовски, Зоран Шапуриќ од ЛДП и Зорица Апостоловска од НСДП.

Заев побара поддршка за владата и нејзините реформи и од БЕСА и од ДПА. Тврди дека сомневања за криминал нема да ги толерира под негов покрив и веднаш ќе упати писмо до СЈО. Во ОЈО ќе бара податоци, откако како што рече тоа ќе се ослободи од партиските стеги.

„Се во иднина што ќе се покаже дека е осомничен и е под истрага, нема да биде во владата.“ – изјави Заев.

Од Алијансата за Албанците, во здравство ќе седне Арбен Таравари, а во локална самоуправа, Сухел Фазлиу од НДП. Зијадин Села вели Алијансата планира да даде вистински придонес во Владата.

„Движењето на реформи не размислува за учество во влада само преку министри, ние сме тука за длабоки ивистински реформи во оваа реформска влада, за да ја вратиме надежта во општетството за сите граѓани.“ – изјави Села.

Фаворите на Али Ахмети се познати од вчера. Хазби Лика, вицепремиер за Рамковен договор, Бујар Османи за евроинтеграции, Садула Дураку за животна средина, Булент Салиу од правда, Крешник Бекташи за економија, Рамиз Мерко е министер без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции.

Нивниот предлагач е дециден, сите се чисти.

„Што се однесува до кредибилитетот на кандидатите на ДУИ, мандатарот и идниот премиер ќе побара од сите институции на државата податоци и мислење за сите кандидати.“ – изјави Ахмети.

Седница за избор на Владата според собранските најави се очекува вторник кога ќе биде и експозето на мандатарот, за владата би се гласало на полноќ в среда. За поддршка на новиот Владин кабинет, потребен е 61 патеник да глсаат ЗА. Владиното мнозинство е составено од 62 пратеника./извор ТВ24

Слични содржини