Владеачкото мнозинство сака со поплавите да скрие уште еден ребаланс на буџетот, а опозицијата бара само пренамена на средстава , откажувања на градење тркала и распиничко трошење, за да им се помогне на поплавените.

парламент говор

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 117. седница треба да почне расправа по новиот ребаланс на Буџетот за 2016 година, кој се предлага за да се обезбедат средства за целосно обесштетување на штетите од поплавите од 6 август годинава.

Со ребалансот се предлага обезбедување дополнителни 35 милиони евра за целосно обесштетување на поплавените.

Приходите во Буџетот се непроменети и остануваат на ниво на проекцијата од 174.291 милион денари. Расходите се зголемуваат од 195.472 милиони денари на 197.410 милиони денари, а се зголемува и буџетскиот дефицит од 3,6 на 4 проценти и ќе изнесува 23.119 милион денари, наместо 21.181 милион денари.

Ова е втор ребаланс на Буџетот годинава. Првиот беше направен во јули годинава.

Во рамки на оваа седница пратениците треба да расправаат и по Предлог законот за вработување на сто најдобри дипломирани студенти на јавните универзитети во Република Македонија, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, на Законот за извршување на Буџетот за 2016 година предложен од опозицијата, на Законот за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, исто така, од опозицијата, како и Предлог законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва.

Во второ читање пред пратениците на дневен ред се Дополнет предлог закон за изменување  и дополнување на Законот за студентскиот стандард  и  Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител.

Во рамките на оваа седница треба да бидат разгледани и Предлогот за избор на член на Комисијата за воедначување на казнената политика, Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2015 година и Предлог  одлуката за давање согласност на предлогот за изменување и дополнување на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно возухопловство за 2016 година

Слични содржини