ВМРО-ДПМНЕ: Економската политика на СДСМ ја води државата кон банкрот

од Vladimir Zorba
155 прегледи

 

Катастрофалната економска политика на СДС ја води државата кон економски крах и банкрот. Се повеќе граѓани ја губат надежта дека Владата на СДС ќе постигне било какви економски резултати. Македонија со оваа бандитско криминална влада ќе го достигне дното. Цехот ќе го платат граѓаните.

Владата на СДС ни малку не е фокусирана на отворање на нови работни места. Не само што не донесе нити една инвестиција туку ги брка потенцијалните инвеститори и компаниите кои досега инвестираа не водејќи грижа дека без работа можат да останат 25.000 граѓани.

Неодговорното работење на СДС со народните пари на Република Македонија за прв пат после подолг период и донесе пад на просечната плата за 0.7% и пад на индустриското производство 2,2%.

СДС успеа да донесе и пад на извозот за јуни и јули и тоа 12% односно 52 милиони евра со што му нанесе голема штета на домашното стопанство.

Граѓаните ги чувствуваат лошите економски политики на СДС и на локалните избори на 15-ти октомври ќе го казнат уништувањето на македонската економија.

СДС ветуваше живот, граѓаните добиваат сиромаштија. Ништо од ветувањата во економијата, ништо ниту од најавените инвестиции.

Слични содржини