ВМРО-ДПМНЕ: Полицијата на Спасовски директно се вклучи во изборната кампања на СДСМ

од Vladimir Zorba
164 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмена реакција на прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Она што СДС го прави не е само киднапирање на институциите, не е само диктатура и режим, во Македонија завладува хунта.

Во истиот момент кога министерот за внатрешни работи, Спасовски дава изјава дека полицијата нема се вклучува и интервенира во изборите, имаме поднесување на монтирана и целосно бесмислена кривична пријава против градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски, а финансиската полиција има упад во уште една општина раководена од наш градоначалник.

Полицијата на Спасовски директно се вклучи во изборната кампања на СДС. Трет ден нема санкционирани ниту одговорност за полицијаците кои во петокот, кандидатот за градоначалник на истата општина Митко Јанчев без било каква причина беше застанат и малтретиран од полицијата.

Политичката хајка и притисоците врз кандидатите за градоначалници е израз на стравот и нервоза на СДС од претстојниот изборен пораз“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини