СДСМ потврди дека нема конкретни мерки и проекти кои можат да ги понудат во насока на унапредување на образованието. Нивниот „најголем експерт“ во образованието и денес зборуваше за укинување и прекинување, што е само потврда на деструктивната политика која СДСМ ја води, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ наизјавата на претседателот на комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов.

VMRO-DPMNE-Zgrada

„СДСМ не можат да се помират со фактот дека токму Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ превзема конкретни мерки и проекти со цел македонското образование да го издигне на ниво на европското. Таква мерка е и екстерното образование. Овој процес се имплементира во најголем број од земјите членки на Европската унија и ОЕЦД. Тоа очигледно им е непознато на експертите во СДСМ кои се навикнати на системот во кој вредностите, знаењето и трудот не важеа за децата на функционерите и богаташите на СДСМ, туку за нив функционираа врски и потплаќањето. Ги разбираме СДСМ зошто се нервозни. Сега сите се еднакви и се оценуваат според нивните способности, а не според името и парите“, се вели во реакцијата на владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зоран Заев е единствениот аболициран политичар за криминал тежок 8 милиони евра, а СДСМ е единствената партија предводена од лидер кој е спасен од одговорноста за организиран криминал и корупција и затоа нивна цел е деструкција и блокирање на било каква реформа.

 

META

Слични содржини