Навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос се степаа во Берлин, најмалку 12 повредени

од Vladimir Zorba

Двајца навивачи се тешко повредени, а уште десет се полесно повредени при синоќешната тепачка меѓу симпатизерите на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин на завршниот турнир од кошаркарската Евролига.

„Баскетњуз“ го пренесува пишувањето на германските и грчките медиуми кои наведуваат дека во текот на ноќта на неколку локации во Берлин се судриле навивачи на два грчки клуба.

Локалната полиција известува дека во тепачката учествувале околу 70 навивачи, а некои користеле бејзбол палки и шипки.

Германските медиуми јавуваат дека локалната полиција морала да ја повика противпожарната служба на помош.

Слични содржини