🎥Излезе вториот трејлер на „Се извинувам Кежаровски тука живее?“

од Vladimir Zorba

Излезе вториот трејлер од документарниот филм „Се извинувам, Кежаровски тука живее” од авторот Миле Бошњаковски.

 Документарниот филм е хронолошко сведоштво на новинарот Томислав Кежаровски за настаните кои му претходат на неговото брутално приведување, судски процес и затворска казна. Во филмот е поместено неговото сведоштво на настаните кои се случуваат додека тој е на издржување на затворската казна вклучително и поддршката од неговите колеги медиумските работници.

Филмот е сниман во 2023 и дел во 2024 година односно после 5 години од заокружување на голготата наречена „Случајот Ореше – новинарски натпис во кој се открива заштитен сведок на Кежаровски”.

Во првиот трејлер имавте можност да погледнеме мал фрагмент посветен на тогашната јавна обвинителка Лиле Стефанова која го водеше процесот, а вториот трејлер ви го пренесуваме делот во кој Кежаровски се враќа во КПУ затвор Скопје во Шуто Оризари за потребите на снимање на документарниот филм.

Слични содржини