ВМРО-ДПМНЕ: Слободан Богоевски ќе добие тужби за клевета

од Vladimir Zorba

„Лицето Слободан Богоевски, осуден за криминал за кој има одлежано казна затвор, синоќа ја искористи Телевизија Телма и времето кое му беше дадено во емисија Топ Тема за да изнесе, лаги и клевети во обид да го наруши угледот на ВМРО-ДПМНЕ и функционери од партијата.

slobodan bogoevski

За сите невистини кои ги изнесе осуденото лице за криминал Слободан Богоевски, ќе добие тужби за клевета пред надлежниот суд.

За ВМРО-ДПМНЕ гостувањето на Слободан Богоевски претставува уште еден очајнички обид на аболицираниот криминалец Зоран Заев, да користи лица кои биле осудени за криминал и лежеле казна затвор за да му ја вршат валканата работа, надевајќи се дека со лаги и клевети ќе успее да го изманипулира народот, наметнувајќи му мислење дека сите политичари се исти“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини