83
„СДС наместо по градење ќе остане запамета по кочење и уривање. Нападот врз спомениците на револуционерот Андон Лазов Јанев-Ќосето, хуманистката Мајка Тереза и Вионот на коњ е удар врз македонската историја и култура и претставува почеток на виткањето на кичмата на нацијата“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.
„СДС е 6 месеци на власт и непокажа капацитет за водење на државата и нејзин развој. СДС 6 месеци само уништува и урива.
Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт се што СДС ќе сруши, уништи или скрати ќе биде изградено, обновено и вратено во првобитна положба“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.