ВМРО-ДПМНЕ: Со законот за амнестија се загрозува безбедноста на граѓаните

од desk2
105 прегледи

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека предложениот закон за амнестија, сериозно ја загрозува безбедноста на граѓаните.


„СДС со законот за амнестија сака да го легализира криминалот во Македонија. Со овој закон СДС сака да ги амнестира лицата кои се обвинети за убиство и тешки дела. Ваквиот чекор е доказ дека СДС и Заев воопшто не водат грижа за безбедноста на граѓаните туку пред се ги ставаат нивните лични и партиски интереси“, се вели во партиското соопштение.

Од таму сметаат дека, премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, е во паника поради претстојните локални избори, а со законот за амнестија создава криминална коалиција со која ќе се задоволи подземјето, се со цел корумпирање на гласови во пресрет на изборите.

Слични содржини