мигранти бтрод

Во близина на брагот на Турција потона брод со бегалци при што се удавија 12 луѓе додека 25 се спасени.

Турската крајбрежна стража извлекла тела од дрвен брод кој пловел од брегот кај Ајвалик кон грчкиот остров Лезбос, јави Анадолија. Спасувачките тимови успеале да спасат 25 луѓе од бродот кој тонел и кои испраќале повик за помош преку мобилни телефони.

Не е наведена националноста на мигрантите.

Повеќе од 3.000 мигранти и бегалци загинаа оваа година додека се обидуваа да стигнат до Европа, а најголем дел од нив се удавија во Медитеранот./МИА

Слични содржини