Во Дебар наврна 40 л/м2 дожд, нестабилната воздушна маса се движи кон исток

од Vladimir Zorba

Најмногу дожд до 16 часот денеска наврна во Дебар 40 л/м2, во Лазарополе 13, шест во Виница, пет во Штип и во Тетово, еден во Маврово, Крива Паланка и Берово.

Најинтензивна нестабилност во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд и електрични празнења попладнево имаше во Дебар каде, како што соопшти УХМР, наврнаа 40 л/м2 дожд.

Процесите започнаа најпрвин во планинските предели, а подоцна и во пониските места.

Попладнево интензивна нестабилност има во правец од Куманово кон Свети Николе и има правец на движење кон исток.

Нестабилната воздушна маса се движи кон исток, така што се уште на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Во вечерните часови постепено атмосферата ќе се стабилизира. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грежи. Минималната температура ќе се движи од од 12 до 17, а максималната од 25 до 32 степени.

Слично време ќе преовладува и во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со краткотраен пороен дожд и грежи. Минималната температура ќе се движи од 16, а максималната до 30 степени.

До четврток ќе се задржи нестабилно време, околу пладне и попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи со променлив интензитет. Во четврток ќе дува засилен северен ветер и од втората половина на денот ќе настапи постепена стабилизација на временската состојба, по што следува период на стабилно и топло време со пораст на температурата на воздухот.

Слични содржини