На грчка територија денеска има 50.142 бегалци и мигранти, а до утрово во 7 и 30 часот биле регистрирани 232 нови пристигнувања.мигранттт

Повеќе од половина од бројот на бегалците се во северна Грција (28.548), повеќето од нив во кампот во Идомени (11.426), во Херсо во Кукуш (3.900) и во Неа Кавала (3.520).

На Лезбос се идентификувани 2.068 бегалци, 1.371 има на островот Хиос, 2.879 се сместени во централна Грција, а во регионот на Атика има 14.430, од кои 5.467 се во пристаништето Пиреја.

Слични содржини