Кина денеска го потврди првиот случај на вирусот Зика, а растат стравувањата од брзо ширење на вирусот поврзан со тешко оштетување на плодот кај трудниците како во Латинска Америка.

1034205826
Неколку случаи до сега се регистрирани во Азија, но Светската здравствена организација прогласи дека постои глобална опасност по здравјето од ширење на овој вирус.

Кинески официјални лица наведоа дека е заразен 34 годишен маж, кој се вратил од Венецуела на 28 јануари.

Тој успешно се опоравува, јавуваат кинеските медиуми.
Засега Бразил е најпогодена земја со повеќе од 20.000 случаи, вклучувајќи повеќе од 2.000 трудници.

Обединетите нации предупредија дека светската епидемија на вирусот Зика би можела да однесе милиони жртви и дека поради тоа е неопходно светот да реагира што побрзо и подобро на се поголемата опасност.

Слични содржини