Британскиот премиер Тереза Меј ги откри првите детали за планот за излегување на Велика Британија од Европската унија. Во интервју за “Сандеј Тајмс” Меј соопшти дека формално планира да го активира процесот за одвојување пред парламентарните избори во Германија, кои треба да се одржат во септември следната година.
Според весникот, Владата следниот април месец ќе предложи укинување на Законот од 1972 година за вклучување во Европската економска заедница.
Според зборовите на Меј, ова ќе биде првата фаза од процесот, по што Велика Британија повторно би требало да биде “суверена и независна држава”.
Велика Британија сепак ќе остане обврзана со одлуките на Европската унија до завршувањето на преговорите за Брекзит, сите процеси можат да лебдеат околу две години.