Временска прогноза: Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

од Vladimir Zorba

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

delumno-oblacno-640x320-400x260

Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од 11 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

Во вечерните часови ќе настапи повторно зголемување на облачноста, така што во југозападните делови ќе има врнежи од дожд коишто во текот на ноќта ќе се прошират во западните делови. Овие врнежи ќе продолжат и во петок кога повторно се очекува да бидат пообилни во западните делови.

Во сабота се уште ќе има слаб локален дожд, а од недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.

Слични содржини