Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека доколку биде кандидат на изборите на претседател на Србија, а загуби, повеќе нема да биде премиер.

– Тоа се подразбира, рече Вучиќ за РТС одговарајќи на прашањето дали ќе биде премиер доколку загуби на претседателските избори.

– Доколку одам на избори и загубам, невозможно е да останам премиер, рече Вучиќ и додаде дека ќе работи нешто друго и ќе се бори за Србија на некој друг начин.

– Но единствено што ќе правам постојано е да го мерам бројот на фабриките, километрите на автопатиштата, да видам како ќе ја држат фискалната стабилност и мирот и политичката стабилност. И тоа ќе го правам секогаш и ниту малку не сум фасциниран од нивните тајкунски, ниту од странските пари, рече Вучиќ

Слични содржини