Според експерти, изборот на Клинтон немаше да ја промени ситуацијата во земјата.
Украинците се убедени дека токму тие се главните губитници од изборите во САД, пишува The Washington Post. Причината е дека за време на предизборната кампања Доналд Трамп зборуваше за подготвеноста да ги среди односите на САД со Русија и можноста да ги симне санкциите против неа.
Поранешниот амбасадор на САД во Русија Мајкл Макфол, исто долеа масло на огнот, откако по победата на Трамп напиша на Twitter: “Најмногу од резултатите на овие избори загуби Украина.”
Некои украински политичари се согласуваат со тоа. The Washington Post повикувајќи се на неименуван законодавец, кој го опишува “примитивниот страв да се изгуби поддршката од САД пред лицето на руската агресија”.
Само една недела по изборите никој во украинскиот парламент не се решава да разговара што Трамп изјави за Украина: Потребата за воспоставување на односи со новиот американски претседател провоцира “навремен напад на амнезија”, пишува WP.
Украинската пратеничка претпостави дека Трамп е искрен повеќе од сегашните американски политичари. “Јас мислам дека тој ќе е далеку од едноставен. Неговата администрација ќе сака вистински промени. Ако ги нема, ние сме осудени “- изјавила таа.
Во Киев се уште се надеваат на Трамп дека ќе влијаат “јастреби” -републиканци, кои се поставени “повеќе проукраински” отколку демократите.
Украински експерти признаваат исто така, дека ако Клинтон беше го победила Трамп, тоа не би ја променило ситуацијата во Украина: “Обидите да се поверува дека изборот на Хилари Клинтон ќе донесе решавање на украинскиот конфликт, се многу наивни” – изјавил за WP украинскиот експерт за меѓународни односи и безбедност Алексеј Мелник.