ЗА спасување на својата кожа во партијата Груевски не ги признава изборите!

од Vladimir Zorba
261 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бара парламентарни избори, локалните не ги признава поради нерегуларности извршени, како што рече, од „СС-бригадите и хунтата на Заев”.Се тоа за дефокус од главната тема – неговата одговорност и оставка.

Mazedonien, Nikola Gruevski, Präsident der VMRO-DPMNE Partei (Petr Stojanovski)

„Заради изборни нерегуларности, силување на демократијата и на државата, ВМРО-ДПМНЕ не ги признава локалните избори”, соопшти синоќа на прес-конференција лидерот на партијата, Никола Груевски.

Тој набројуваше повеќе примери за изборни нерeгуларности, закани и други видови притисоци кои имале за цел деморализирање, заплашување и уништување на опозицијата, на нејзините кандидати и членството, а за тоа ги обвини, како што рече „СС-бригадите и хунтата на Заев”.

Освен што не ги признава изборите, Груевски испорача седум барања до власта:

да се организираат предвремени парламентарни избори, кои според пржинскиот модел ќе бидат спроведени од техничка влада како за парламентарните избори од 11 декември 2016;

да биде разрешен директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги;

Оставка од претседателот на ДИК и враќање на старотo решение, според кое претседателот на оваа Комисија се избира на предлог на опозицијата;

Да се направи вештачење на опремата во Управата за безбeдност и контрарaзузнавање поради сомнеж дека најмалку 100 лица од ВМРО-ДПМНЕ биле прислушувани;

Итно завршување на судењето на Заев за случајот „Поткуп”;

Да се формира Специјално јавно обвинителство кое ќе ги истражува изборните нерегуларности на изборите во декември 2016, и на локалните во 2017 година;

Итно ослободување на лицата и прекин на постапките за сите обвинети и осомничени за настаните од 27-ми април.

Според првичните коментари на аналитичари, Груевски со ваквиот настап си создава терен за одбрана на лидерската позиција, а за да го дефокусира вниманието од сопствената одговорност по тоталниот изборен пораз, си бара други виновници за тоа, анализира  DW.

Mazedonien Kummunalwahl Stimmabgabe Premierminister Zaev (Reuters/O. Teofilovski)

Заев бара преиспитување на одлуката

Лидерот на СДСМ Зоран Заев потоа пред новинарите оцени дека еуфорија не смее да има и дека од утре чека напорна работа. Тој ја повика ВМРО-ДПМНЕ да ја преиспита одлуката за непризнавање на локалните избори и до раководството на партијата апелираше во прв план да ги стави интересите на граѓаните.

Додека Груевски зборуваше на прес-конференцијата, од СДСМ објавија дека според првични и неофицијални податоци, партијата победила во општините Бутел, Градско, Карбинци, Кисела Вода, Македонски Брод, Могила, Новаци, Старо Нагоричане, Чашка, Пробиштип, Штип…

Тој додаде дека не планираат никакви предвремени парламентарни избори, а очекуваат да се проширува мнозинството.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев синоќа  во своето обраќање истакна дека тие немаат никакви промени на позициите.

– Локалната власт нема никаква врска со централната власт. Нашата коалиција со ДУИ беше објавена уште на почеток на транспарентен начин, исто како што Алијансата за Албанците во вториот круг коалицираше со БЕСА – истакна Заев.

Слични содржини