Заев беше на дипломатскиот прием организиран од Трамп

од desk2

Премиерот Зоран Заев учествуваше на дипломатскиот прием организиран од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во рамките на 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.

„Дипломатскиот прием организиран од претседателот на САД на ГС на ОН е можност за зацврстување на пријателствата и идни соработки во интерес на нашите држави“, напиша Заев на „Твитер“.

Македонскиот премиер вчера учествуваше на панел-сесијата „Отворено владино партнерство – Враќање на довербата во владата“ во ОН, на која имаше свое обраќање, во кое истакна дека „довербата меѓу владите, граѓаните и организациите од различни видови е од клучно значење за воспоставувањето транспарентни и енергични демократии“.

Заев во Њујорк изминативе денови имаше средби со шефови на влади од повеќе земји и бизнисмени, а во рамките на активностите на Генералното собрание на ОН беше најавено и негово учество на Глобалниот бизнис-форум на „Блумберг“, како и средби со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан. Тој ќе присуствува и на вечерата што ја приредува високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини.

 

 

 

Слични содржини