Заев и Ципрас зборувале за тргање на ветото на Грција

од Vladimir Zorba

Македонскиот премиер Зоран Заев имаше полчасовен  телефонски разговор со својот грчки колега Алексис Ципрас. Тие разговараа  за актуелните случувања и прашања поврзани на релација Македонија -Грција. Главната тема е надминување на состојбата на вето од страна на Атина за членството на Македонија во НАТО како и севкупните  евроатлански перспективии  и билатералните односи.

“Ципрас и Заев разговараа и мерки за градење на доверба меѓу двете земји”, се вели во соопштението од кабинетот на Ципрас. Грчкиот премиер му го честиташе изборот на Заев за премиер на Република Македонија и повторно ги  повторил позициите на Атина во однос на спорот за името.

Заев пак во последното интервју за МТВ порча дека има за цел да восопостави нови релации од доверба со сите соседи во регионот, како и да се вложи Македонија да влезе во НАТО под привремената референца ФИРОМ, а потоа да се бара решение за надминување на разликите околу името со Грција.

Заев најави дека Македонија нема повеќе да ја провоцира Грција како во минатото со поставување споменици, и преминувања на автопати, аеродроми, што според него одело на штета на Македонија. Во однос на главното прашање, а тоа е спорот за името, премиерот истакна дека ќе бара решение, но дека конечната одлука ќе ја донесат граѓаните на референдум.

– Немаме намера да правиме дополнителни провокации кон Грција. Треба да се прави нешто што нема да отвора нови рани – изјави Заев.

Во тој контекст  во најскоро време се очекува и  посета на министерот за надворешни работи Никола Димитров во Атина.

Тој неодамна за Блумберг посочи  дека новата влада на Република Македонија ќе го забрза забавениот процес за зачленување во Европската унија со реорганизирање на судството и зајакнување на владеењето на правото и секако и добрите релации со соседите.

Белји: САД поддржуваат заедничко прифатливо решение за прашањето за името

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, исто така  изјави дека САД секогаш ја поддржувале Македонија и дека поддржуваат заеднички прифатливо решение за прашањето за името.

„Добро е што Македонија има разговори со Грција и другите земји во соседството. Нема да зборувам за резултатите, за тоа ќе зборуваат само партнерите. САД од секогаш ја поддржувале и ќе продолжат да ја поддржуваат на нејзиниот пат и аспирација кон ЕУ и НАТО“, рече Бејли. Тој истакна  и дека реформите кои сега се носат се многу важни во однос на владеењето на правото.

Заев најави унапредување и на односите со другите соседи. За таа цел, кон крајот на месецот, премиерот во Софија ќе има средба со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов. Бугарските власти отворено говорат дека услов за поддршка во европските интеграции е да се потпише договор за добрососедство. Заев е оптимист дека и со овој наш сосед ќе најдат заеднички и конкретен јазик на пријателство.

Слични содржини