Заев по посетата на Села во болница: Сaкаме да му помогнеме на Иванов да го даде мандатот

од Vladimir Zorba

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вчера по посетата повредениот Зијадин Села од ДР-ДПА во Клиничката болница во Тетово, каде закрепнува по претепувањето за време на нападот во Собранието на 27 април, рече дека добил согласност од Села и од Ахмети и му останува да се сретне уште со Биљал Касами од Беса за да се договорат за планот да го посетат претседателот Ѓорге Иванов и да му помогнат да го даде мандатот за формирање влада.

„Добив согласност и од Ахмети и од Села, а ќе се видам и со Касами и целта е лидерите на партиите зад кои стојат 67 потписи да изразиме подготвеност да го посетиме во неговиот кабинет и да му потврдам од мое и од името на сите наши коалициони партнери, сето она што наводно беше негова загриженост, а тоа е унитарноста на државата, почитувањето на Уставот, нашето мултиетничко општество, реформите и економските перспективи и сето она што беше можна дилема или изговор. Сите се за план со кој ќе му помогнеме на Иванов да има причини за да се даде мандатот. Се надевам дека оваа средба ќе биде во почетокот на идната седмица“, изјави Заев.

Слични содржини