Министрите на ДУИ во владата се прислушувани додека разговарале со нивните колеги министри и влијателни луѓе во Тирана и во Приштина, вели во интервјуто за албанската телевизија Топ Чанел, лидерот на СДСМ Зоран Заев.Gruevski-i-Zaev-01

– Тој материјал нема да го објавиме, бидејќи тоа не е етички за министрите на другите земји. Наши министри биле предмет на прислушување, но, тие разговарале со своите колеги во Приштина и во Тирана. Разговорите биле прислушувани но, тие се дел од таа историја и ова е лошо, прво за мојата земја, која дозволила такво нешто – изјави Заев во интервјуто.

Прашан зошто и покрај ваквите материјали кои ја дискредитираат, власта сепак не покажува значи дека е загрижена, лидерот на СДСМ вели дека претстојат нови снимки на прислушувани разговори за сериозни злоупотреби на изборите и државниoт буџет, како и криминал што, според Заев, ќе предивика големи дебати во јавноста.

– За табу теми, прислушување на некои владини претставници со откривање на злосторствата извршени против оние кои не се во власта, како и на нивните семејства. Дури и ако владата ги остава овие работи, ќе бидат објавени. Па, едно нешто сум сигурен – оваа влада ќе си оди и е само прашање на време кога ќе се случи такво нешто – изјави Заев во интервју за Топ чанел од Тирана.

 

Слични содржини