Според информации од КИНСИВ – Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, леталото е на голема височина и непристапен терен каде што во моментот беснее невреме.
Малиот авион од типот Цесна П210Н кој попладнево беше изгубен од радарскиот систем се урнал кај Солунска Глава, каде и исчезнал од системот. Остатоците од авионот се пронајдени, како и телата на четирите патници – бугарски државјани, информираат за МИА од Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Остатоците од авионот ги лоцирале хеликоптери и спасувачки екипи од МВР. Авионот сообраќал на релација Охрид – Софија.
Претходно, директорот и претседател на УО на М-НАВ, Николче Тасески во изјава за МИА информираше дека воздухопловот попладнево во 16:16 часот е изгубен од радарскиот систем на контролата за летање. Контактот бил изгубен западно од Солунска Глава. Два полициски хеликоптери беа во потрага на изгубената Цесна.
-Во 16:16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип Цесна П210Н кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да породолжи за Софија, рече Тасески.
Тој додаде дека пред да го снема воздухопловот од радар пилотот пријавил дека има силни турбуленции.
Според информации од КИНСИВ – Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, леталото е на голема височина и непристапен терен каде што во моментот беснее невреме. Токму поради тао е прекината и хеликоптерската потрага и се очекува да продолжи рано изутрина.
Единствена неофицијална информација од контролата за летање е дека пилотот се викал Ѓорѓи со сопругата Калина Бошнакови а други детали за имињата на децата нема . Претходно беше објавено дека станува збор за бугарско семејство, татко , мајка и две деца.
Теренот според МВР е непристаптен и утре исто така ке се дејствува од небо со хеликоптерите на МВР.
За вечерва во 21 е закажана и прес конференција во МВР.