Законот за јазици ќе се гласа во четврток

од desk2

Предлог-законот за употреба на јазиците ќе се гласа во четврток поради тоа што на денешната собраниска седница немаше кворум. На почетокот на продолжението на 27-та седница на Собранието, беше отворен претрес за предлогот за избор на Осман Кадриу за судија во Уставен суд, но немаше ниту пријавени за збор, ниту кворум за гласање.

Како што најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, опозициската партија не е во пратеничките клупи на денешната седница, на чиј дневен ред беше изборот на уставни судии и предлог-законот за употреба на јазиците. Собранието требаше да расправа и за измените и дополнувањата на Законот за работните односи, прво читање, поднесен од 11.868 избирачи и неколку други закони и одлуки.

Слични содржини