Зоната „Визбегово“ проектирана врз веќе изградени објекти

од desk3

Проблеми во проектирањето, и  веќе изградени објекти на потегот каде би требало да поминува автопатот кон Косово. се главните пречки за модернизација на економската зона во Визбегово. Вицепрмиерот  Анѓушев бара помош од локалните власти, бидејки како што вели, зоната во Визбегово гравитира кон три општини.

„Како што е направен проектот тој поминува низ повеќе објекти што се веќе изградени, за тоа не се водело грижа за тоа да се промени. Не можеме ние да им ги срушиме објектите на луѓето за да се направи автопат, треба да се најде друго решение, најверојатно ќе биде булеварско решение до клучката со обиколницата“, изјави Анѓушев.

Стопанствениците кои секојдневно го користат патот во овој фреквентен дел од скопската околина, велат дека го губат трпението и нема да дозволат и натаму да бидат манипулирани, како во изминатата деценија.

„Тоа е еден од главните приоритети за економијата на нашата држава, бидејќи знаеме дека извозот кон Косово секој ден паѓа и мора да бидеме посветени за да го држиме на нивото кое што треба“, додаде Неби Хоџа.

Слушајќи секојдневно отчет за првите 100 дена од формирањето на владата, бизнисмените од Стопанската комора на северозападна Македонија решија да го возвратат ударот – во нивната оценка за владините први 3 месеци стои дека не се постигнати задоволителни резултати, намалено е нивото на странски инвестиции, има стар пад на БДП, економијата  е на работ од рецесија, нема доволна поддршка за земјоделците и слабо се развиваат малите и средни претпријатија.

Тешко остварлив според нив ќе биде и ветениот раст на економијата од 5 отсто во следните четири години.

Слични содржини